Барселона изминатите години често пазареше од Валенсија, а шпанските медиуми тврдат дека соработката може да продолжи и ова лето.
Имено, Каталонците покажуваат силен интрес за двајца играчи на Валенсија, а станува збор за Дани Парехо и Родриго.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот Ернесто Валверде во Парехо гледа одлична алтернатива за незаменливиот Серхио Бускетс, додека Родриго е профил на напаѓач каков што Барса сака да донесе ова лето.
Договорите на двајцата фудбалери истекуваат во 2022 година, па Валенсија сигурно нема лесно да се откаже од своите ѕвезди. Откупната клаузула на Парехо изнесува 50 милиони евра, додека Родриго може да биде слободен за огромни 120 милиони евра.
Јасно е дека Барселона нема намера да ги плати овие суми, па се очекува наскоро двата клуба да седнат на преговарачка маса.
Барселона има одлични трансфер релации со Валенсија, па медиумите се оптимисти дека двата клуба можат да најдат заеднички јазик за трансферите.
https://youtu.be/qnle_kNfOrk