Дома Фудбал Останато Барселона експресно го ископира Манчестер Јунајтед – зарем не можеа да смислат нешто ново?

Барселона експресно го ископира Манчестер Јунајтед – зарем не можеа да смислат нешто ново?

Манчестер Јунајтед вчера на Твитер беше во центарот на вниманието поради објавата на листата на голмани кои во овој момент се подобри од Давид Де Геа, а истото одлучи да го направи и Барселона.

Се разбира, целта на оваа листа е никој да нема и да се дојде до знаење дека Де Геа е најдобриот голман во светот. Очигледно, тоа им се допадна на администраторите на Твитер профилот на Барселона кои денеска одлучија да го искористат овој фазон за Лионел Меси.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Барселона со оваа објава дури успеа да ги подели навивачите кои упорно се прашуваат зошто нема никој на споменатата „листа“. Јасно е дека за нив Лионел Меси е најдобар играч во светот, но сигурно дека нема сите да се согласат со тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салах го трча последниот круг со Ливерпул

Последната сезона на Мохамед Салах во дресот на Ливерпул влегува во клучен период, а негов…