Каталонскиот гигант Барселона покажува сериозен интерес за левиот бек на Челзи, Маркос Алонсо, пренесува „Мундо Депортиво“.
Барселона на таа позиција го има само Жорди Алба, па сака да донесе валидна алтернатива, а прва цел е Маркос Алонсо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алонсо е во Челзи од 2016 година, но во последно време го загуби првотимскиот статус и е спремен да ја промени средината.
31-годишниот Шпанец на лето влегува во последната година од договорот, па и Челзи е спремен да го продаде, а за неговата слобода бара 12 милиони фунт, сума која Барселона е спремна да ја плати.