Иднината на Бернардо Силва во Манчестер Сити е неизвесна, а Португалецот и минатото лето размислуваше да ја промени средината.
Бернардо Силва оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, а откри дека минатото лето имал понуди и размислувал да ги прифати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалецот има договор со Сити до 2025 година, а „граѓаните“ сигурно нема лесно да се откажат од него и ќе направат се за да го задржат.
Меѓутоа, португалските медиуми пренесуваат дека на Силва му се допаѓа идејата да се пресели во Примера, бидејќи така ќе биде поблиску до семејството.
Барселона сака да ја искористи таквата ситуација и веќе го контактирала неговиот агент, бидејќи Португалецот е голема желба на Чави.
Медиумите на Островот сметаат дека овој трансфер е тежок за реализација бидејќи Сити за слободата на Силва бара 100 милиони евра.
🚨 Manchester City wants to keep 🇵🇹 Bernardo Silva in the squad despite interest from Barcelona. A €100m offer could change City's decision. 🔵 #MCFC 🟣#ForçaBarça
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) May 9, 2022
🔻 VOLE 🔻
🔜 https://t.co/FGB5A8E7zv pic.twitter.com/4LtLkEMIfl