Барселона подолго време се поврзуваше со Мемфис Депај и сега пристигнуваат информации дека во последниот ден од преодниот рок Каталонците имале договор и со Депај и со Лион.
Каталонскиот „Спорт“ пишува дека Барселона постигнала договор со Лион и го имала играчкиот картон на Холанѓанецот, но Ла Лига се стопирала.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Имено, телото кое го управува Хавиер Тебас не дозволило Депај да биде регистриран затоа што Барселона го надмина лимитот за плати договорен како мерка во борба против финансиската криза настана од пандемијата со коронавирусот. Овој 26 годишен офанзивец на „Камп Ноу“ требало да стигне за пет милиони евра, плус 10 исплатени преку бонуси.