Барселона има намера наредната недела да ја реши иднината на Рафиња и Рики Пуиг, пишува „Марка“.
Каталонците имаат премногу опции во средниот ред и мали се шансите било кој од овие двајца играчи во новата сезона да има сериозна минутажа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рафиња има поголеми шанси да го напушти „Ноу Камп“ со оглед на тоа дека играчот и клубот сметаат дека за него тоа би било најдобро, а нов клуб веројатно би требало да биде Валенсија.
За Рики Пуиг се смета дека е подобро да оди на позајмица во некој клуб и заинтересирани има многу.
Тренерот Ернесто Валверде го користеше во припремните натпревари, но поради големата гужва во средниот ред прилика би можел да добие само во натпреварите од шпанскиот куп и тоа е премалку, потребно е да игра редовно.
Пуиг неодамна во пријателскиот натпревар против Арсенал воодушеви и беше еден од најдобрите играчи на теренот, а некои шпански медиуми веќе му го доделија прекарот „новиот Иниеста“.
? Mágico @RiquiPuig ?❤ pic.twitter.com/xun3ncBm6c
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) August 4, 2019