Дома Трансфер зона Барселона вклучува играч во преговорите за Де Лихт

Барселона вклучува играч во преговорите за Де Лихт

Младиот дефанзивец Жан-Клер Тобидо кој во јануари пристигна во Барселона од Тулуз, на лето би можел да заврши во Ајакс, пренесува каталонски „Спорт“.

19-годишниот Французин може да биде дел од трансферот на холандскиот дефанзивец Матијас де Лихт во Барселона. Меѓутоа, весникот не прецизира дали Тобидо ќе премине во Амстердам како дел во перманентен трансфер или на позајмица.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Каталонскиот клуб покажува сериозен интерес за Де Лихт и е спремен да плати 60 милиони евра за неговиот потпис.

Меѓутоа, раководството на Ајакс бара 90 милиони евра за слободата на својот капитен, па поради тоа Каталонците се спремни да вклучат и играч во зделката.

Тобидо исто така е сметан за еден од најголемите талентри во европскиот фудбал и дебитираше во првата француска лига на само 16 години.

„Спорт“ пренесува дека Барселона сигурно ќе сака да вметне клаузула во договоот на Французинот за да може да го врати после две години за одреден износ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…