Во Рим наскоро би можело да добијат засилување од Барселона.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Барса ја одредила цената за шпанскиот интернационалец, Алеш Видал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Севиља се наоѓа на излезни врати од „Камп Ноу“, а најголем интерес за неговите услуги во последно време покажа тимот на Рома.
Италијаите сакаат да ја засилат конкуренцијата во одбраната, Видал по природа е десен бек, но би можел да послужи и како алтернатива за Александар Коларов на левата страна во одбраната.
Римјаните за услугите на Видал ќе мораат да издвојат 10 милиони евра, па веројатно во овој момент се чека само Емерсон Палмери да премине во редовите на Челси.
Наводно и агентот на фудбалерот веќе е во преговори со клубот од „Олимпико“, па до крајот на преодниот рок се очекува Видал Каталонија да ја замени со престолнината на Италија.