19-годишниот капитен на Ајакс и холандски репрезентативец, Матијас де Лихт важи за еден од најперспективните дефанзивци во Европа и за него постои силен интерес од европските гиганти.
Сепак, Барселона сака да ја победи големата конкуренција со фактот што самиот фудбалер преферира трансфер на „Камп Ноу“, но и поради добрите односи кои ги има со Ајакс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За фудбалерот силен интерес покажуваат уште Јувентус, ПСЖ и Баерн Минхен, но последните информации од Каталонија тврдат дека Барса е на чекор од комплетирање на трансферот.
Каталонски „Спорт“ пренесува дека Барса веќе ја испратила првата официјална понуда за Де Лихт во висина од 60 милиони евра и ги започнала преговорите со Ајакс.
Иако ПСЖ нуди повеќе пари, како и поголема плата на играчот, сепак дефанзивецот ја избрал Барселона и сака преселба на „Камп Ноу“.
Потсетување, Барселона веќе го договори трансферот на Френки де Јонг за кого на Ајакс му плати 75 милиони евра.