Дома Фудбал Барса уште еднаш покажа колку е голема: Одличен гест за несреќниот Шапекоенсе!

Барса уште еднаш покажа колку е голема: Одличен гест за несреќниот Шапекоенсе!

Барселона на својата официјална страна објави дека испратила покана до Шапекоенсе за пријателски натпревар на „Камп Ноу“.

Клубот кој на 29-ти ноември остана без скоро целиот тим и стручниот штаб во авионска несреќа, допрва треба да одговори на овој повик.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Имено, Каталонците сакаат да го угостат бразилскиот тим пред почетокот на наредната сезона, на традиционалниот „Гампер Куп“ кој се игра на „Камп Ноу“.

„Сакаме да им одадеме почит на сите кои го загубија животот, но и на нивните семејства, а тоа ќе го направиме со разни активности воочи овој натпревар чиј датум ќе го одредиме наскоро“, објави Барса на својата официјална страна.

Притоа Барса најави дека ќе помогне во реструктуирањето на бразилскиот клуб, а парите од влезните најверојатно ќе завршат во касата на Шапекоенсе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тоа што и се случи на Србија не се случило на никоја друга репрезентација на ЕП

Репрезентацијата на Србија вчера беше елиминирана од Европското првенство откако со ремито…