Дома Трансфер зона Барса спреми „план Б“, ова се алтернативите за Верати и Дебеле!?

Барса спреми „план Б“, ова се алтернативите за Верати и Дебеле!?

Каталонците имаат нов план.

Не е тајна дека Марко Верати и Осман Дембеле се најголемите желби на Барселона во овој преоден рок, но како што стојат работите тешко дека ќе успеат да стигнат до нивниот потпис.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Денес се појавија нови информации, односно алтернативи доколку Барселона не го доведе споменатиот тандем.

На местото на Марко Верати се споменуваше Паулињо, но сега нова мета е Жофри Кондогбија од Интер. Французинот во Интер пристигна од Монако за 30 милиони евра и со титулата „новиот Јаја Туре“, но минатата сезона целосно потфрли и одигра само пет натпревари.

Покрај него на радарот на Барса се наоѓа крилниот напаѓач на Монако Томас Лемар.

Овој 21 годишен напаѓач се наоѓа на мета и на Арсенал, но во Барселона се надеваат дека тие би биле прва опција за одличниот фудбалер. Монако нема намера да го пушти Лемар за сума пониска од 35.000 евра, особено после заминувањето на Бернардо Силва во Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…