Барселона по почетокот на сезоната одлучи со нов договор да го награди 16-годишниот Анус Фати, кој во првите три кола постигна два гола и запиша една асистенција.
Радио Каталонија јавува дека Фати ќе добие петгодишен договор, чија висина ќе зависи од тоа дали ќе се избори да остане во првиот тим или ќе се врати во Б-тимот. Ако игра за Б-тимот, во првата сезона ќе заработи 300,000 евра, а ако стане полноправен член на првиот тим, платата ќе му порасне на милион евра. Во секоај од следните три сезони годишната плата ќе му се зголемува за 250,000 евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освен месечните примања, Фати ќе добие бонус за продолжување од 700,000 евра. Истиот извор додава и дека се преговара за нов договор со Ансу 21-годишниот брат на Брахим, кој е член на Б-тимот, но до крајот на сезоната ќе биде на позајмица во третолигашот Калахори.
Анус Фати доби прилика во отсуство на повредениот Лео Меси, а за сега на Валверде му е омилена опција во нападот со Гризман и Суарез. Се очекува Фати денеска да биде стартер во Лигата на Шампионите кога Барселона и гостува на Борусија Дортмунд, додека опоравениот Меси ќе влезе од клупата. Ако дебитира вечерва, Фати ќе стане еден од 10 најмлади играчи кои играле во Лигата на Шампионите.