Барселона во летниот преоден рок не успеа да ги реализира сите трансфер желби бидејќи е во лоша финансиска состојба.
Роналд Куман бараше да му биде доведен централен напаѓач, а Барселона немаше средства да го комплетира трансферот на Мемфис Депај.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради тоа Каталонците ќе се насочат кон доведување на слободни играчи, а „Мундо Депортиво“ тврди дека Барса уште во јануари ќе тргне по три големи ѕвезди.
Првата е Давид Алаба чиј договор со Баерн Минхен истекува на крајот на сезоната. Неговиот агент е во конфликт со Баварците и веќе стапил во контакт со Барселона, па уште во јануари може да потпише преддоговор со клубот од „Камп Ноу“.
Другиот играч е Анхел ди Марија од ПСЖ, кој се наоѓа во иста позиција и на лето ќе биде слободен агент. Барселона работи на негово привлекување и самиот играч сака да се врати во Шпанија.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона покажуав конкретен интерес и за Пол Погба, и сака да го примени истиот рецепт, но тој трансфер ќе биде тежок за реализација.