Барселона неодамна го продолжи договорот со Лео Меси и поучена од „случајот Нејмар“, во договорот на Аргентинецот стави астрономска откупна клаузула.
Клаузулата на Лео Меси во новиот договор изнесува 700 милиони евра, но Каталонците сметаат дека таа сума не го прави Аргентинецот недопирлив за апсолутно сите клубови во светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сите се луди“, изјави Панчо Шредер, шеф за финансии и стратегија во каталонскиот клуб.
„Ние ставивме клаузула за Меси, мислејќи дека е доволно да го задржиме во Барселона засекогаш. Пред една година мислевме дека клаузулата на Нејмар е доволна. Гледајќи во блиска иднина, мислам дека ќе биде тешко некој да плати за клаузулата на Меси. Сепак, немам кристална топка за да предвидам, но гледате дека сите се луди“, рече Шредер.