Дефанзивецот и капитен на Ајакс, Матијас де Лихт ќе биде еден од најбараните фудбалери во летниот преоден рок.
„Калчомеркато“ тврди дека Јувентус е фаворит за неговиот потпис, најмногу поради добрите односи со неговиот менаџер Мино Раиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
19-годишниот Холанѓанец важи за еден од најперспективните дефанзивци во Европа и е голема желба на Барселона, како и на клубовите од Премиер лигата и Реал Мадрид.
Неодамна се појави информација дека Холанѓанецот сака преселба во Барселона, но неговиот менаџер Раиола го убедува да го избере Јувентус.
Сепак, Барселона не се откажува така лесно од траката за потписот на Де Лихт и според италијанските медиуми веќе имала состанок со Мино Раиола.
И покрај фактот што Раиола преферира да го однесе својот клеинт во Јувентус, сепак Каталонците во овој момент се спремни да му понудат финансиски подобар договор.
„Калчомеркато“ тврди дека на крај пресудна може да биде желбата на играчот, чии прв избор е токму Барселона.
Ајакс за слободата на Де Лихт бара најмалку 50 милиони евра, сума која Барселона нема да има проблем да ја плати. Притоа, познато е дека двата клуба имаат одлични односи што се покажа при трансферот на Френки де Јонг.
Во секој случај, иднината на Де Лихт ќе биде една од „најжешките“ теми во летниот трансфер период.
#DeLigt: la #Juve ha pronto il contratto, ma il #Barcellona incontra #Raiola https://t.co/025gReWJvB pic.twitter.com/x4T9IEhVes
— calciomercato.com (@cmdotcom) February 27, 2019