Дома Фудбал Барса му нуди 7 милиони на Суарез за да замине, тој сака повеќе

Барса му нуди 7 милиони на Суарез за да замине, тој сака повеќе

Барселона има потешкотии да се договори со напаѓачот Луис Суарез за раскин на договорот, пренесува „Мундо Депортиво“.

Имено, Каталонците му нудат на Суарез отштета од 7 милиони евра, на таа сума не ги задоволува апетитите на Уругваецот.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Претходно беше објавено дека Суарез сака каталонскиот клуб да му исплати платата за преостанатата година според договорот, околу 14 милиони евра.

Разврска на преговорите чека Атлетико Мадрид, бидејќи според последните информации Суарез веќе се договорил со „јорганџиите“.

Меѓутоа, Атлетико ќе потпише со напаѓачот само доколку тој го раскине договорот со Барселона и на „Ванда Метрополитано“ се пресели како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

АС: Модриќ добива нов договор, но со ново намалување на платата и статус на резерва

ЛУКА МОДРИЌ ќе го дочека и 40-тиот роденден како играч на Реал, иако за 40 дена му истекув…