Дома Трансфер зона Барса и Тер Штеген се далеку од договор

Барса и Тер Штеген се далеку од договор

Раководството на Барселона и голманот Марк Андре тер Штеген веќе подолго време преговараат за нов договор, но не можат да најдат заеднички јазик.

Каталонскиот клуб сака долгорочно да го задржи еден од своите лидери, но двете страни имаат несогласување околу финансиските аспекти на договорот. Тер Штеген бара годишна плата од 10 милиони евра по сезона, што е двојно повеќе од актуелниот договор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Клубот од „Камп Ноу“ се наоѓа во деликатна финансиска позиција, особено кога се платите во прашање, па не можат да му понудат толкава плата. Поради тоа шпанските медиуми тврдат дека преговорите се пред пропаѓање.

Меѓутоа, во Барселона не се откажуваат и се категорични да го задржат еден од најдобрите голмани во Европа, кој е многу важен за тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…