Дома Топ вести Барса има нов план како да дојде до Лаутаро Мартинез

Барса има нов план како да дојде до Лаутаро Мартинез

Барселона и понатаму бара класичен напаѓач, а веќе некое време на мета на клубот е Лаутаро Мартинез.

Напаѓачот на Интер наводно има голема желба освен во репрезентацијата да игра и во клубот заедно со Лионел Меси. Покрај тоа Меси јавно истакна симпатии кон играта на Мартинез.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Поради сето ова Барселона веќе тргнала во акција за доведување на Лаутаро. Како што пренесува „Фудбал Италија“ и уште некои италијанси медиуми, Интер ја добил првата понуда од Барселона и таа гласи: 70 милиони евра и плус двајца играчи за Лаутаро. Двајцата играчи кои би биле вклучени во понудата се Артуро Видал и Нелсон Семедо.

Според проценките вредноста на Видал е околу 20 милиони евра, а на Семедо околу 40, па така вкупната понуда за Лаутаро е околу 130 милиони евра.

Потсетуваме, Лаутаро има откупна клаузула од 110 милиони евра, па доколку оваа понуда биде одбиена, Барса сериозно ќе размислува да ја плати сумата од клаузулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Куртоа во вчерашното дерби и се повредил: Го чека пауза

Тибо Куртоа ќе биде надвор од терените две-три недели, потврди Реал Мадрид. За отсуството …