Дома Топ вести Барса заврши голем трансфер, а Реал уште поголем!

Барса заврши голем трансфер, а Реал уште поголем!

Само прашање е времето кога Осман Дембеле ќе стане нов фудбалер на Барселона, откако беше објавено дека актуелниот фудбалер на Борусија Дортмунд има неправилности во договорот со германскиот клуб.

Ова ќе биде крај на трансфер шпекулациите кои траат веќе неколку месеци, а Дембеле по поништување на договорот (кој го побара) би можел да стане слободен играч.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Така вратите во Барселона му се широко отворени, а додека Каталонскиот клуб задоволно ги трие рацете, бидејќи практично ќе добие играч за иднината, Флорентино Перез од Мадрид ги искористи добрите односи со принцот од Монако.

Имено, во последниот момент подготвен е да плати 180 милиони фунти за Килијан Мбапе, кој по пишувањето на француските медиуми веќе е во ПСЖ. Но, не доколку се прашува претседателот на Реал.

Имено, Реал доби интересна понуда од Англија. Арсен Венгер бо бара Карим Бензема, а од парите за францускиот напаѓач и одредената доплата, Реал ќе може во последните моменти да го доведе најбараниот млад играч во светот.

Што ќе се случи до 31. август, кога завршува трансфер периодот, ќе видиме наскоро, пишува „Diario Gol“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Јувентус

Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, пренесуваат ме…