Барселона оваа сезона е неприкосновен лидер во Примера и има предност од 19 бода во однос на најголемиот ривал Реал Мадрид, но сега Каталонците сакаат да му зададат уште еден удар на „кралевите“.
„Реал ги чува своите бисери“, така пред половина година пишуваше „Марка“ откако 18-годишниот Оскар Родригез потпиша четиригодошен договор со актуелниот европски шампион.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, капитенот на јуниорскиот тим на Реал Мадрид, до крајот на јануарскиот преоден рок би можел да го напушти „Сантиаго Бернабеу“. Силен интерес за него покажуваат Челзи и Барселона.
Шпански „Дон Балон“ пренесува дека Челзи во него гледа наследник на Френк Лампард и дека наскоро ќе испрати понуда до Реал од 8 милиони евра.
Барселона пак му нуди статус кој го нема во Реал Мадрид – веднаш да биде приклучен во првиот тим.