Дома Фудбал Италија „Барса без Меси победува 5:1, Реал без Роналдо губи 5:1 – тоа е разликата“

„Барса без Меси победува 5:1, Реал без Роналдо губи 5:1 – тоа е разликата“

Фудбалерот на Јувентус, Жоа Кансело имаше само пофални зборови за својот сонародник и соиграч, Кристиано Роналдо.

Кансело во разговор за „Скај Италија“ порача дека Роналдо би морал да ја освои „Златната топка“ и дека се освен тоа би било голема неправда.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Ако Роналдо не ја освои Златната топка тоа ќе биде голема неправда. Тој е најдобриот играч во светот, а минатата сезона беше надмоќен“, започна Кансело кој смета дека Светското првенство не би требало да биде мерило.

„Ако тоа е мерило тогаш само одредена група на играчи можат да ја добијат таа награда. Ако сте родени во Франција, Германија или Бразил, веројатно кога-тогаш ќе го освоите Светското првенство и ете ви шанса за наградата. Поголем успех е кога Португалија го освои Европското првенство. Тоа е реткост“.

„Роналдо минатата сезона ја освои Лигата на шампионите и беше апсолутен победник со 15 постигнати голови. Во која екипа и да игра таа станува за класа подобра. Доказ за тоа е што Барселона без Меси славеше со 5:1, а Реал без Роналдо изгуби со тој резултат. Тоа е разликата“.

„Милиони луѓе гледаат што прави секоја недела на натпреварите, но ние имаме привилегија да го гледаме секој ден на тренинзите…Тоа е чудо, спектакл. Роналдо е роден да победува“, заклучи Кансело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лион сепак ќе игра во Лига Европа

Раководството на Олимпик Лион ја означи условот при кој клубот ќе може да учествува во сле…