Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов одигра одлична предсезона во дресот на Штутгарт, а погоди и на првиот официјален меч во сезоната. Сепак, до крајот на преодниот рок би можел да ја промени средината.
Според информациите на „Билд“ екипата на Барнли испратила втора подобрена понуда за македонскиот фудбалер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Првата понуда на Барнли за Чурлинов беше одбиена затоа што била премала, а сега тие испратиле понуда од 3.25 милиони евра веднаш и уште 1.25 како бонуси.
Претходно интерес за Чурлинов покажа и белгиски Андерлехт, меѓутоа изгледа белгискиот гигант се „олади“ откако ги слушната барањата од „швабите“.
Кога е желбата на Чурлинов во прашање „Билд“ пишува дека тој преферира останување во Штутгарт.