Еден од најдобрите фудбалери на шпански Леванте, Енис Барди, кој е и македонски репрезнтативец во изјава за албанските медиуми открива дека дресот на Македонија бил ставен во втор план и дека негова прва желба била настап за селекцијата на Алабанија.
Да потсетиме, Барди ова лето од Ујпешт премина во Леванте, а беше и еден од лидерите младинската репрезентација на Македонија на Европското првенство кое се оддржа во Полска, но со неговата изјава за албанските медиуми веројатно ги разочара сите македонски фудбалски фанови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мојата желба секогаш беше дресот на Албанија, но вистината е дека во ниту еден момент не добив понуда. Се обидував да стапам во контакт, но од мене бараа да одам на проба, додека Македонија не побара такво нешто. Покрај тоа мојот менаџер се обиде и подоцна да стапи во контакт со луѓето од Фудбалскиот сојуз на Алабанија, но неговото порака беше игнорирана“, зборовал македонскиот репрезентативец.
Но, веројатно поголема „прашина“ ќе крене вториот дел од изјавата на фудбалерот во кој тој истакнува дека не постои Албанец од Македонија кој повеќе сака да игра за Македонија отколку за Албанија.
„Не постои Албанец од Македонија кој не сака да настапува за Албанија“, завршил Барди
Во продолжение тој додал и дека од Фудбалскиот сојуз на Албанија се однесуваат непрофесионално и токму поради тоа голем број Албанци се одлучуваат за дресот на Македонија.
Оваа изјава веројатно ќе биде дочекана со огромна доза на критики од македонските фанови, а младите фудбалери како Барди веројатно ќе треба да земат пример од легендата на македонскиот фудбал Артим Шаќири кој никогаш во својата кариера не го потцени дресот на македонската фудбалска селекција.