Енис Барди денес одигра фантастичен натпревар на кој за првпат ја носеше капитенската лента во отсуство на Стефан Ристовски и Аријан Адеми.
Со капитенската лента на себе Барди постигна хет-трик, а секако после натпреварот изрази големо задоволство.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„За мене сите сме капитени. Сите сме одговорни за тоа што го правиме на теренот. Нормално дека капитенската лента беше мотивација, горд сум што сум бев во улога каква што имаа многу големи имиња претходно. Јас имав прилика да играм само со Горан Пандев и од него многу научив“.
„Долго време го познаваме Милевски, знаеме каков карактер има и каков човек е. После оваа победа сите сме повеќе среќни. Неговите резултати зборуваат за неговата работа. Ќе се бориме до крај за тоа второ место, затоа што мислам дека навистина го заслужуваме“.
Барди стана само петтиот фудбалер во историјата на македонската репрезентација кој постигнал хет-трик.
„Пресреќен сум. Не знам како да го опишам тоа со зборови. Можам да кажам дека сите во оваа генерација имаме огромен потенцијал“, изјави Барди.
Фото: ФФМ