Репрезентативецот на Македонија Енис Барди во овој момент како најголем дел од фудбалерите од најсилните првенства е на летен одмор.




Додека Барди е на одмор неговите агенти водат преговори за негов можен трансфер. Според последните најави од Шпанија Барди е најблиску до преминување во редовите на Алмерија.




Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Информациите се дека преговорите помеѓу двете страни се во завршна фаза и Алмерија за македонскиот репрезентативец е спремна да плати околу шест милиони евра.




Покрај Алмерија Барди во претходниот период се поврзуваше со повеќе клубови меѓу кои Селта, Бетис, Олимпијакос, Милан…Шпанците пренесуваат дека желба на Барди е останување во Шпанија.