Македонскиот репрезентативец Енис Барди денес пристигна во Турција за да го комплетира трансферот во Трабзонспор.
Барди денес треба да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на договор до 2025 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претходно турскиот клуб постигна договор со Леванте за трансфер тежок 10 милиони евра, кои ќе бидат платени во неколку рати.
Така Барди после пет години поминати во Шпанија откако дојде во јули 2017 година од Ујпешт, кариерата ќе ја продолжи во Турција.
Done Deal! Enis #Bardhi to #Trabzonspor from #Levante on a permanent deal. Contract until 2025. He will land today in Turkey to have medicals and for the signing. #transfers
— Nicolò Schira (@NicoSchira) August 11, 2022