Дома Фудбал Останато Балотели остана без договор: Кој е неговиот следен потег?

Балотели остана без договор: Кој е неговиот следен потег?

Maрио Балотели е на раскрсница во својата кариера.

Контроверзниот италијански фудбалер последните пет месеци ги помина во Марсеј, а сега е без клуб и е во потрага по клуб каде што ќе ја продолжи својата кариера.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Марсеј не успеа да се избори за пласман каков што очекуваа навивачите и сезоната ја завршија на петтата позиција.

За крајот на сезоната Балотели испрати порака до навивачите.

„Сакам да се заблагодарам на стручниот штаб, играчите, претседателот и директорите как ои на сите кои работеа во клубот. Ви благодарам и се надевам дека повторно ќе се видиме, доколку не се видиме ви посакувам среќа во наредните години“, порача Балотели.

Очигледно според оваа порака Балотели се надева на нов договор со Марсеј, а дали ќе биде така останува да видиме во преодниот рок кој следи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Росениор: Сè уште сме во трка за топ-5 и може да го освоиме ФА-купот

Тренерот на Челси, Лиам Росениор испрати јасна и мотивирачка порака до својот тим, истакну…