Дома Фудбал Останато Балотели за Инстаграм прославата: Сакав да направам нешто кое ќе го обиколи светот

Балотели за Инстаграм прославата: Сакав да направам нешто кое ќе го обиколи светот

Марио Балотели секогаш знае како да биде во центарот на вниманието.

Италијанскиот напаѓач секогаш доаѓа во центарот на вниманието – Балотели знае како се прави тоа. Вчера постигна погодок за Марсеј во 12-тата минута од натпреварот против Сент Етјен и го прослави на навистина необичен начин.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Балотели истрча позади голот, го зема телефон, го отвори неговиот Инстаграм профил и во истиот момент објави видео од прославата со соиграчите.

Секако, јавноста ја интересираше дали Италијанецот тоа го планирал однапред.

„Го дадов мојот телефон на еден новинар на Олимпик Марсеј. Му кажав да ми го чува телефонот и да биде зад голот затоа што ако постигнам гол би сакал да поставам Инстаграм стори“, откри Балотели.

Во продолжение додаде:

„Сакав да направам нешто невобичаено кое ќе го обиколи светот“, изјави напаѓачот.

Дефинитивно овој човек сака да се зборува за него и знае како да го постигне тоа дури и кога не е во најдобра форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус договори големо засилување

Јувентус е блиску до комплетирање на трансферот на Џонатан Дејвид, пренесуваат италијански…