Наполи може да го „украде“ Бакајоко пред носот на Милан, пренесуваат француските медиуми.
Бакајоко веќе подолго време се поврзува со трансфер во Милан, има договор со „росонерите“, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан нуди 25 милиони евра, но Челзи не попушта и за слободата на Французинот бара 30 милиони евра.
Таквата ситуација сака да ја искористи Наполи и да го донесе Бакајоко на „Сан Паоло“ до крајот на преодниот рок.
Гатузо веќе разговарал со Французинот и го убедил да се пресели во Наполи, па останува уште двата клуба да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.
#Napoli, per il centrocampo occhi su #Bakayoko https://t.co/vp85Xvg9xH
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) October 1, 2020