Дома Трансфер зона Баерн ја сака ѕвездата на Лил

Баерн ја сака ѕвездата на Лил

Баерн Минхен е силно заинтересиран за голгетерот на Лил, Џонатан Дејвид и сака да го доведе во зимскиот преоден рок.

Дејвид игра уште една фантастична сезона и моментално се етаблираше во еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


22-годишниот Канаѓанец е мета на многу клубови, меѓу кои Милан и Челзи, па поради тоа Баерн сака што побрзо да ја победи конкуренцијата.

Баварците се спремни за него да понудат 50 милиони евра во јануари, а и самиот напаѓач сака да ја промени средината.

Баерн после заминување на Левандовски е во потрага по робусен напаѓач и верува дека Дејвид иделано ќе се вклопи во стилот на игра.

Проблем е што Лил не сака да ја продава својата ѕвезда на средина од сезоната и ќе се обиде да го задржи до лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…