Дома Топ вести Милан ги решава проблемите со засилување од 40 милиони

Милан ги решава проблемите со засилување од 40 милиони

Милан во последно време е во резултатска криза и сака да го засили тимот во јануари, а позната е и најголемата желба на „росонерите“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најголем проблем е нападот, кој се потпира само на Жиру, па Пиоли и раководството сакаат да донесат врвен напаѓач.

Милан во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го доведе голгетерот на Лил, Џонатан Дејвид.

Клубот веќе работи на трансферот на напаѓачот кој веќе неколку сезони блеска во Лига 1. Ова лето неговата цена беше 60 милиони евра, сума која Милан не сакаше да ја плати.

Меѓутоа, Дејвид на лето вчегува во последната година од договорот и Милан верува дека ќе го комплетира трансферот за 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…