Раководството на Баерн Минхен нема намера да преговара за својот напаѓач Роберт Левандовски за цена помала од 100 милиони евра, пренесува „Кикер“.
Полскиот репрезентативец е трансфер цел на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но има договор со Баварците до 2021 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред неколку дена медиумите излегоа со информација дека Левандовски постигнал комплетен договор со Реал Мадрид, но Флорентино Перез разговарал со Румениге и му соопштил дека немал никаков контакт со напаѓачот.
Баерн нема намера да го продаде Левандовски, но доколку самиот фудбалер инсистира да ја промени средината, тогаш Баварците ќе бараат 100 милиони евра.
Медиумите се сомневаат дека споменатите клубови се спремни да платат толкава сума за фудбалер кој на лето ќе наполни 30 години.