Приоритет на Баерн Минхен во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен дефанзивец бидејќи Никлас Зуле го напушта клубот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германските медиуми пренесуваат дека на врвот на листата желби е дефанзивецот на Торино, Глеисон Бремер.
24-годишниот Бразилец игра одлична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.




Бразилецот неодамна го продолжи договорот, но јасно е дека Торино нема да може да го задржи на лето.
Милан, Интер и Јувентус силно го посакуваат дефанзивецот, но сега во трката се вклучи и Баерн Минхен и е спремен да го „украде“ пред носот на италијанските гиганти.