Баерн Минхен се вклучи во трката за потписот на играчот на Ајакс, Нусер Мазрауи, пренесува „Билд“.
Овој 24 годишен десен бек оваа сезона блеска во дресот на Ајакс па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот договор со Ајакс истекува на крајот на сезоната, а Барселона сака да го донесе без обештетување на „Камп Ноу“ и преговата со неговиот агент.
Меѓутоа, понудата на Баварците е многу подобра од таа на Барселона, па Мароканецот во моментов е поблиску до преселба во Минхен.
Баерн му понудил договор до 2026 година, со опција за уште една сезона и многу подобри финансиски услови.
#BayernMunich have overtaken #Barça in the race to sign the right fullback Noussair #Marzaoui, who will leave #Ajax as a free agent this summer. Offered a contract until 2026 with the option for 2027. #transfers
— Nicolò Schira (@NicoSchira) April 5, 2022