Преговорите помеѓу Баерн и Давид Алаба влегуваат во нова рунда и прашање е кој ќе има поголемо трпение.
Имено веќе неколку недели се водат преговори за продолжување на договорот на Алаба. Агентот на Алаба од Баерн бара договор на пет години според кој неговиот клиент би заработувал огромни 25 милиони евра по сезона.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Тешко дека Баерн ќе ги прифати овие барања, нивната понуда е помала за осум милиони евра, тие на Алаба му нудат 17 милиони по сезона.
Во овој момент Алаба заработува 15 милиони евра, но очигледно апетите кај него и неговиот агент пораснале па бараат покачување од 10 милиони евра.