Дома Трансфер зона Баерн спреми нова понуда за Сане, го нуди и Алаба

Баерн спреми нова понуда за Сане, го нуди и Алаба

Ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане донел конечна одлука да се врати во Германија и да го облече дресот на Баерн Минхен, пренесува „Билд“.

Во текот на целото лето Сане беше поврзуван со трансфер во Баерн, но на првиот меч во август тој се повреди и трансферот пропадна.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Крилниот фудбалер се уште се рехабилитира од повредата и се очекува наскоро да се врати на терените, но веќе го известил раководството на „граѓаните“ дека не сака да потпишува нов договор и сака што побрзо да се пресели во Баерн Минхен.

Баварците се во постојан контакт со агентот на Сане, а сега спремил нова понуда до Манчестер Сити. Имено, Баерн го нуди Давид Алаба плус 50 милиони евра во кеш.

Цената на Сане изнесува околу 100 милиони евра, а Гвардиола е заинтересиран за Алаба, па многу е веројатно „граѓаните“ да ја прифатат понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…