Toмас Тухел заминува од Баерн Минхен и тоа е веќе потврдено, клубот потврди дека Тухел ќе замине на крајот од сезоната, но не е исклучена можноста тоа да се случи и порано. Германските медиуми пренесуваа дека во случај на елиминација од Лацио во Лигата на шампионите веднаш би бил отпуштен.
Изгледаше дека Чаби Алонсо е најголема желба на раководството, меѓутоа тој не е лесна мета бидејќи и Ливерпул кој исто така останува без тренер го сака на клупата. Се споменуваа уште неколку алтернативни решенија, а сега добивме и едно изненадувачко.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно, управата на Баерн покажала интерес и се распрашувала за Арне Слот, тренер кој е без искуство во најсилните пет првенство, но во овој момент одлично го води Фејенорд.
На клупата на холандскиот тим е од 2021 година и го предводеше тимот до третото и првото место во шампионатот. Фејенорд со него на клупата игра атрактивен фудбал со висок пресинг и многу транзиција и тоа сигурно му одогвара на Баерн.
Пред Фејенорд овој 43-годишен стратег го водеше и АЗ Алкмар и преземањето на Баерн за него дефинитивно би бил најголемиот предизвик.