Дома Топ вести Баерн спрема „кралски“ трансфер: Бејл пристигнува во Минхен

Баерн спрема „кралски“ трансфер: Бејл пристигнува во Минхен

Раководството на Баерн Минхен најави реконструкција на тимот на крајот на сезоната, па се очекува неколку големи имиња да пристигнат на „Алијанц Арена“ на лето.

Баварците немаат финансиски проблеми и се спремни да потрошат значителна сума на засилувња, а познато е дека Баерн одлично работи кога се трансферите во прашање и има свој начин како да ја победи конкренцијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баварците бараат наследник на Арјен Робен, кој на крајот на сезоната ќе го напушти клубот, а последните информации од Германија говорат дека тоа би можел да биде Герет Бејл.

Бејл во моментов се наоѓа на мета на критики кај шпанските навивачи, зашто „кралевите“ играат сезона за заборав, па можеби токму ваков трансфер е „спас“ за неговата кариера.

Искусниот фудбалер се поврзуваше и претходно со Баварците, но тогаш одби да се пресели во Баерн Минхен.

Баерн наводно веќе стапил во контакт со Велшанецот кој сега е отворен за преселба на „Алијан Арена“, а Реал Мадрид нема да му прави проблем доколку пристигне адекватна понуда.

Моменталната цена на 29-годишниот фудбалер се движи помеѓу 80 и 100 милиони евра, сума која Баерн нема да има проблем да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…