Фудбалерите на Баерн Минхен и Хајденхајм одиграа вечерва на „Алијанц Арената“ натпревар за паметење во четвртфиналето од купот на Германија. На крајот Баерн помина понатаму победувајќи со 5:4.
Баерн беше голем фаворит во натпреварот против второлигашот, но никој не очекуваше дека Хајденхајм ќе одигра така добар натпревар и ќе му даде на Баерн четири гола.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Возбудувањата започнаа во 12-тата минута кога Баерн со голот на Горецка поведе со 1:0. Тогаш изгледаше дека се оди според планот за Баерн, но проблемите за Баварците започнаа само три минути подоцна кога Суле доби директен црвен картон.
Тоа гостите го искористија и направија целосен пресврт.
Сепак во продолжение Баерн го засили темпото и доаѓа до пресврт во период од само три минути 53-та и 56-та. За работата за гостите да биде полоша, Баерн направи и предност од два гола кога Гнабри погоди десетина минути подоцна и тука гостите повторно се разбудија.
Постигнуваат трет гол преку Глатзел во 74-тата минуата, а четвртиот гол во мрежата на Баерн беше постигнат само три минути подоцна преку истиот фудбалер.
Имааше тимот на Хајденхајм и две 100% прилики да направи целосен пресврт, но не ги искористија шансите, а казната ги стигна. Роберт Левандовски на шест минути пред истекот на регуларните 90 погодува за конечни 5:4.