Дома Актуелно Баерн „растура“ на финансиски план: Во последните 16 години приходот им се зголемил за – 355 проценти!

Баерн „растура“ на финансиски план: Во последните 16 години приходот им се зголемил за – 355 проценти!

bayern

И покрај двомесечната криза Баерн Минхен од финансиски аспект има големи причини за задоволство.

Германскиот гигант продолжи со одличното работење. Со оглед на традиционалното рационално трошење, минатата сезона (2017/2018) беше втора најуспешна во историјата на Баерн.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Приходите изнесуваа 624,3 милиони евра. После сите расходи профитот за клубот изнесувал 22 милиони евра.

Во последните 16 години приходите на Баерн од 176 милиони евра пораснаа на 624 милиони евра, односно за – 355%!

„Почестени сме. Благодарни сме на клупскиот одбор за успешното работење и визијата која ни обезбедува пријатна сегашност и иднина“, порача главниот извршниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.

Предминатата сезона (2016/2017) финансиски беше рекордна во историјата на Баерн со оглед на остварените резултати, но и моќните спонзорски договори со (Телеком, Адидас, Ауди, Алијанц…)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Француската легенда за ситуацијата на Мбапе: Неколку фудбалери и Анчелоти не сакаа да дојде во Реал

Килијан Мбапе летово конечно по долги најави се пресели во Реал Мадрид, но на почетокот на…