Баерн Минхен плати 300.000 евра за своите редови да го доведе 13-годишното дете Мајк Висдом.
Скаутите на баварскиот гигант долго ги следеле настапите на овој 13-годишник во дресот на Борусија Менхгладбах и одлучиле да го доведат во своите редови и за тоа издвоија дури 300.000 евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Талентираниот напаѓач ќе настапува за тимот до 15 години на баварскиот гигант, а се работи за момче кое важи за еден од најголемит таленти во својата генерација во Германија. Висдом покрај новиот договор со гигантот од Минхен ќе добие и бесплатно школување и сигурно дека пред него е една нова страница во животот.
Најголем дел од сумата од 300.000 евра ќе припадне на неговите родители. Борусија ќе добие само 20.000 евра за тренирањето на Висдом во овој клуб. Освен тоа во Баерн ќе добива и плата, според правилата во овој момент таа може да изнесува 400 евра месечно, но веќе од 16 години може да има значително зголемување.
Овој млад фудбалер е роден во Германија. Неговите родители се по потекло од Африка па така во иднина кога ќе ја избира сениорска репрезентација покрај Германија може да настапува уште за Гана и Нигерија.