Toмас Тухел се соочи со проблем пред гостувањето против Манчестер Сити во првото четвртфинале од Лигата на шампионите.
Против тимот на Пеп Гвардиола, Баерн ќе мора да биде без Ерик Чупо Мотинг кој нема да патува во Манчестер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Повредата камерунскиот напаѓач ја заработи пред една недела и не играше во натпреварот против Фрајбург, додека во меѓувреме ја загуби и трката со времето за натпреварот од најелитното европско натпреварување.
„Чупо Мотинг чувствува болка во коленото поради последната повреда. Поради тоа тој ќе го пропушти натпреварот против Манчестер Сити“, објави Баерн.