Дави Алаба и раководството на Баерн безуспешно преговараа во претходните месеци за нов договор.
Австрискиот фудбалер не се согласи на платата која му ја нудеше Баерн која според некои информации со бонуси изнесувала дури 19 милиони евра. Алаба барал повеќе. Тој и неговиот агнет Пини Захави инсистирале платата да биде 25 милиони евра, Баерн не се согласил на такову слов.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради ова постоеа шпекулации дека Алаба ќе го напушти Баерн во јануари за одредена сума, меѓутоа во Минхен донеле поинаква одлука.
Како што објави „Билд“ раководството на клубот одржало состанок и одлучено е дека тие неколку милиони во јануари не би одиграле некоја улога. Затоа Алаба ќе остане во Баерн до крајот на сезоната и на лето ќе си замине како слободен играч.
Инаку, Алаба комплетната кариера ја помина во Баерн и настапи на 396 натпревари за првиот тим.