Дома Топ вести Баерн најде наследник на Левандовски од 100 милиони

Баерн најде наследник на Левандовски од 100 милиони

Баерн Минхен е сериозно заинтересиран по голгетерот на Напол Виктор Осимен, пренесуваат германските медиуми.

Баварците се во потрага по нов напаѓач кој ќе биде наследник на Левандовски, а раководството верува дека Осимен ќе биде идеален избор.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него и за слободата на Осимен бара 100 милиони евра, а покрај Баерн за него се заинтересирани уште Њукасл и Манчестер Јунајтед.

Осимен пред две години пристигна во Наполи за 70 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А.

Неговиот агент веќе стапил во контакт со Баварците и Осимен е спремен да се пресели во Минхен и да направи чекор напред во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…