Дома Фудбал Германија Баерн мораше да ја исполни желбата на Хејнкес и затоа плати два милиони евра!

Баерн мораше да ја исполни желбата на Хејнкес и затоа плати два милиони евра!

Јуп Хејнкес денес и официјално беше пртставен како тренер на Баерн, по четврти пат во неговата голема кариера, а тој со себе си донесе и негов стручен штаб.

Хејнкес се враќа во Минхен после сезоната 2012/2013 во која освои тројна круна. Овој искусен Германец одлучи повторно да соработува со својот стар пријател Питер Херман кој ќе му биде помошник.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Херман имаше договор со лидерот во втората германска лига, Фортуна Дизелдорф. Неговиот договор имаше важност до крајот на сезоната, а бидејќи мораше да биде раскинат за Херман да пристигне во Баерн германскиот гигант мораше да плати оштета.

Секако, на Баерн не му беше тешко да плати „само“ два милиони евра за да ја исполни желбата на Хејнкес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…