Дома Трансфер зона Баерн Минхен се договори со ѕвездата на Ајакс

Баерн Минхен се договори со ѕвездата на Ајакс

Германскиот гигант, Баерн Минхен се договори со играчот за врска на Ајакс, Рајан Гравенберх, пренесува „Билд“.

Гравенберх ги договори личните услови со Баварците и сака да се пресели  на „Алијанц Арена“, па сега останува уште двата клуба да се договорат за обештетувањето.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ајакс за 19-годишниот плејмејкер бара 35 милиони евра, додека Баерн понуди 25 милиони со вклучени бонуси за неговиот потпис.

Гравенберх има договоро со Ајакс до 2023 година и нема намера да ја продолжи соработката, па холандскиот клуб мора да го продаде на лето.

Поради тоа во Баерн веруваат дека Ајакс ќе се согласи на нивите услови и ќе може да го комплетира трансферот за 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…