Баерн Минхен и Милан ја продолжуваат битката за дефанзивецот на Штутгарт, Озан Кабак.
19-годишниот турски репрезентативец има откупна клаузула од 15 милиони евра, која двата клуба се спрмени да ја платат, па сега се чека одлуката на играчот.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Кабак важи за еден од најперспективните дефанзивци во Европа, беше избран за најдобар дебитант во Бундеслигата оваа сеозна, па јасно е зошто двата европски гиганти силно го посакуваат во своите редови.
Агентите на турскиот репрезентативец веќе ги слушнаја понудите на двата клуба, па во следните 48 часа треба да донесат конечна одлука.
Баерн Минхен му нуди поголема плата на дефанзивецот, но Милан може да му осигура поголема минутажа, што е поважно за неговиот понатамошен развој со оглед дека има само 19 години.
https://youtu.be/XItgIGb4DwI