Изненадувањето на вечерта го приреди Виљареал кој на свој терен успеа да слави победа против фаворизираниот Баерн Минхен од 1:0.
До водството кое го задржаа и до крајот на натпреварот Виљареал стигна после само осум минути игра. Баерн создаваше прилики, но изостануваа оние најголеми шанси. На пет минути до крајот на полувремето дојде нов студен туш за баварците. Кокелан ја погоди мрежата на Ноер, меѓутоа голот беше поништен поради офсајд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во второто полувреме Баерн тргна офанзивно создаде и повеќе шанси, но упати само еден удар во рамките од голот и Виљареал имаше еден, но тој заврши во мрежата. Далеку од тоа дека Баерн нема капацитет да се врати во реваншот, меѓутоа Виљареал после елиминацијата на Јувентус уште еднаш покажува дека сезонава може да парира и најсилните европски екипи.