Баерн Минхен победи во трката за новата тинејџерска сензација Алфонсо Дејвис кој настапува за Ванкувер во МЛС лигата, потврди претседателот Ули Хенес.
Според „Билд, за него ќе бидат платени 13 милиони долари, а сумата може да порасне до 20 милиони при исполнувањето на одредени услови, што е рекорден трансфер за МЛС лигата.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Канадскиот репрезентативец ќе се приклучи на тимот на Баерн во Филаделфија, каде баварците се на камп. Таму ќе помине лекарски прегледи, а потоа ќе го потпише договорот. Потоа сепак тинејџерот ќе се врати во Ванкувер, за да ја доигра сезоната, а во Минхен ќе пристигне дури во јануари, кога ќе наполни 18 години.
„Јас лично не сум го гледал, но на извршниот директор Хасан Салихамиџиќ му се допаѓа“, изјави Хенес.