Дома Фудбал Германија Баерн го претстави Ковач и новото засилување

Баерн го претстави Ковач и новото засилување

Нико Ковач денеска беше претставен како нов тренер на Баерн, а покрај тоа се претставени и нови лица.

Ковач од поодамна беше најавен за тренер, но за именување се чекаше почетокот на јули. Заедно со нив на пресот беше и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Се вратив. Почестен сум што Баерн одлучи да ме ангажира како тренер. Целта ни е секој играч да го направиме подобар и заедно да му помогнеме на клубот да ги оствари своите цели.“ – рече на претставувањето Нико Ковач.

Серж Гнабри е претставен како ново засилување, а Питер Херман од 1. септември член на стручниот штаб.

Исто така, Салихамиџиќ истакна дека му е задоволство што Ковач ќе биде новиот тренер и верува дека со него Баерн ќе ја продолжи доминацијата во Германија и дека ќе направи успех во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Рубен Дијаш потпиша нов договор со Манчестер Сити

Столбот во одбраната на Манчестер Сити – Рубен Дијаш, го продолжи договорот со клубо…